Песто за 5 минути

Песто за 5 минути

Иако традиционалното песто се прави со пињоли, кај нас малку потешко се наоѓаат, па индиските ореви се одлична замена, вели Симона, која ни го испраќа овој практичен и вкусен рецепт за песто сос.

Состојки:

  • свеж босилок
  • пармезан
  • индиски ореви (непечени)
  • лук
  • маслиново масло за јадење
  • сол

Сите состојки се ставаат во блендер и пестото е готово буквално за нецели 5 минути. На вас оставаме да го направите балансост на состојките. По вкус, секако 🙂

Одлично е во комбинација со тестенини, како намаз, а одлично оди и со чипс. Уживањето и забавата може да започнат 🙂

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

Тестенини во песто сос

Пилешко со паста и песто сос

Свежа салата со тестенини

Полнет пилешки стек

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

ВИДЕО: Топ 3 начини да направите вистински декорации со салвети

singlepost_text