Баклавата е едно од најомилените јадења на многумина. Но, кога станува збор за чоколадната баклава, сите ќе побараат парче повеќе 🙂 Прочитајте го рецептот на Јасмина Георгиевска:
Состојки:
- 800 гр кори за баклава
- 300 гр мелени ореви
- 1 рендано чоколадо
- 2 лажици какао
- 1 маргарин
- масло за готвење
Начин на подготовка:
- Првата кора се прска со масло за готвење и врз неа се става втората кора. Истото се повторува и со третата кора.
- Откако ќе ја попрскате и третата кора со зејтин, се реди филот од ореви, чоколадо и какао.
- Корите со фил се виткаат во ролат и се сече на парчиња.
- Истото се повторува со сите кори.
- Откако ќе се наредат парчињата во тава, се полеваат со растопениот маргарин.
- Се пече на 180 степени околу 20 минути.
- Откако ќе се испече баклавата, се попарува со оладениот шербет и се враќа назад во исклучената, но загреана рерна, додека истата не се олади заедно со баклавата (затоа се препорачува баклавата да се направи една вечер претходно и да се остави да се олади до следното утро).
- Оладената баклава наредниот ден се прелива со растопено чоколадо која се прави од чоколадо за готвење и малку масло за готвење.
Состојки и начин на подготовка на шербетот:
- Во сад се топат 800 гр шеќер со 600 мл вода.
- Се остава шербетот да се олади.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути