Додека ги полневме печуркити по овој рецепт, ни остана дел од смесата за полнењето 🙂
Размислувавме што да направиме, па помисливме на полнет компир, пиперка, модар домат, но ништо од тоа немавме во фрижидерот. За среќа, во моментов имавме само уште еден црвен домат, па така излезе овој специјалитет.
Ingredients
- 3 млади кромитчиња
- 2 чешниња лук
- 250 гр шунка
- 150 гр кашкавал
- 100 гр павлака
- 1 јајце
- магдонос
- пармезан
- масло за готвење
- зачини
Начин на готвење:
- Извадете им ги дршките на шампињоните кои потоа ќе ги исчкате на ситни коцки.
- Во сад со масло за готвење кратко пропржете ги претходно ситно исечканите лук и млад кромид. Додадете ја шунката ситно исчканата на коцки, како и иситнетите дршки од печурките и пропржете уште кратко. За овој специјалитет ние употребивме Пекабеско шунка.
- Тргнете го тавчето од оган и оставете ја смесата да се олади. Ставете ја во длабок сад.
- Додадете го јајцето, кашкавалот исечкан на ситни коцки, Пекабела павлаката и магдоносот. Мешате додека да добиете компактна смеса.
- Црвениот домат пресечете го на четвртинки, но не целосно, само колку да се остави простор за полнење со остатокот на смесата од полнетитет печурки. Од страна во садот за сервирање, исечете половина пиперка на тркалца и украсете како на фотографијата.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Полнети печурки по најдобар рецепт
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки