Кога ќе поканите гости, а сакате да ги изненадите со нешто многу вкусно и истовремено прекрасно на изглед, оваа свежа салата е вистинскиот избор.
Состојки:
- 2 листа зелена салата
- 1 свежа темно зелена пиперка
- 400 грама тестенини
- 200 грама пченка
- 200 гр шунка деликатес
- 200 гр кашкавал
- 50 гр павлака
- зачини
Начин на готвење:
- Тестенините сварете ги според упатството на кесичката. Истото направете го во посебен сад со замрзнатата пченка.
- Зелената салата и пиперката убаво измијте ги. Зелената салата сечкајте ја на мали ленти, а пиперката на ленти или на коцки.
- Шунката и кашкавалот исечкајте ги на мали коцки. За овој рецепт ние употребивме шунка деликатес и кашкавал на Пекабеско.
- Тестенините исцедете ги и ставете ги во садот за сервирање. Додадете ги сите состојки, освен павлаката и малку промешајте.
- Ставете ја Пекабела павлаката и убаво промешајте.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос