Ова е салата која брзо се прави и е одлична како предјадење, па дури и цел оброк. Ако постите или се храните вегетаријански задолжително зачувајте го овој рецепт.
Состојки:
- 1 кг млади компири
- 20 до 25 шери домати
- 5 млади кромитчиња
- маслиново масло за јадење
- сол и бибер
- магдонос по вкус
Начин на готвење:
- Младиот компир убаво измијте го и исечкајте го на тркалца или четвртинки. Ставете го да се пече во рерна на загреана тава со малку масло за готвење на температура од 180 степени околу 30 минути.
- Шери доматите убаво измијте ги и исечкајте ги на половинки.
- Младите кромитчиња откако ќе ги измиете и исчистите, исечкајте ги на тркалца.
- Ставете се заедно во голем сад за послужување. Додадете ги, маслиновото масло за јадење, зачините и магдонос по желба.
- Сервирајте и уживајте во овој мелем за очи и душа 🙂
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Еве која е тајната за вкусно домашно ѕаѕики
ВИДЕО: 10 креативни рецепти за кои ви се потребни само компири