Верувајте никој не може да им одолее. Десерт с вкус кој никогаш нема да го заборавите. А, одлични се за сервирање бидејќи имаат интересна боја и многу добро изгледаат. Прочитајте го рецептот на Билјана.
Состојки за тесто:
- 250 гр брашно
- 2 јајца
- 400 мл млеко
- 2 лажици какао
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица масло за јадење или путер
Состојки за фил:
- 1 пудинг од ванила
- 500 мл млеко
- 500 гр јагоди
- 50 гр чоколадо
Начин на готвење:
- Во сад за матење со миксер пенасто ги матиме јајцата. Ги додаваме млекото и брашното, а продолжуваме со матење за да не се формираат грутчиња.
- Ги додаваме шеќерот, какаото и маслото за јадење. Матиме додека да добиеме мазна смеса. Смесата ја оставаме околу 10 минути да отстои.
- Во меѓувреме го вариме пудингот од ванила заедно со млекото според упатството на кесичката. Пудингот го оставаме убаво да се олади.
- Палачинките ги пржиме на тивок оган во тавче со малку масло за готвење. Од оваа смеса ќе добиете 10 – 15 палачинки.
- Откако сите палачинки ќе бидат готови, ги филуваме со пудингот од ванила и јагодите кои претходно сме ги исечкале на тркалца. Ги редиме на чинија за сервирање и ги прелеваме со претходно растопеното чоколадо на оган.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт