Која е тајната за совршени лазањи?

Која е тајната за совршени лазањи?

Јулија ни испраќа неодолив рецепт за пица лазањи кои за семејниот руќек ги приготвила во Дојран. Таа вели дека тајната се состои во свежите кори и во пелат доматите кои ги користи наместо доматен сос или кечап.

Прочитајте го целиот рецепт:

Состојки за пица лазањите:

  • 500 грама свежи кори за лазањи
  • 700 грама кашкавал
  • 500 грама шунка
  • 300 грама печурки
  • пелати

Начин на готвење:

  1. Во голема тава за печење рамномерно нанесете масло за готвење.
  2. Наредете го првиот слој од корите за лазањи.
  3. Нанесете слој од пелат доматите, а врз него сечканите печурки, како и тенките парчиња кашкавал и шунка
  4. Нанесете втор слој од корите за лазањи. Повторете ја постапката со нанесување на пелати, печурки, кашкавал и шунка.
  5. Повторувајте додека имате кори за лазањи и од други состојки.
  6. Најодозгора наредете само слој од корите за лазањи.
  7. Ставете ја тавата да се пече во загреана рерна на 180 степени додека не добијат румена боја.
  8. Десетина минути пред да ги извадите лазањите, одозгора ставете кашкавал и вратете ги лазањите да се печат во рерната.

Оваа е отприлика количината која е потребна за да направите голема тава лазањи. Доколку сакате да направите помалку, користете сразмерна количина на сите состојки.

Најважно е да биде секогаш направено по ваш вкус, така што самите комбинирајте ги состојките и направете го балансот. Во овој рецепт Јулија употребила Пекабеско шунка.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Пица лазањи

ВИДЕО: Рецепт за пица која не пече во рерна

3 брзи видео рецепти за пица

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Канелони болоњезе

Шпагети во бешамел сос – одлично мезе со фудбал и пиво