Нова мајсторија од кујната на Ана. Навистина вкусен и креативен рецепт, а најголемата предност е што балансот на состојките го правите самите, по вкус 🙂
Ако сакате да биде повеќе на сувомеснато, така направете го. Доколку сакате да е повеќе свежо ставете повеќе доматен сос и пире од брокула. Секако ќе уживајте во оваа двоспратна пица!
Состојки за пире од брокула:
- 200 гр брокула
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- сол
- црн бибер
Брокулата се обарува со еден кромид и три лукчиња. Се пасираат во посебен сад за пржење, се посолува и се става бибер по вкус. Пропржувате 5 до 10 минути додека да се згусне и соедини во форма на пире.
Состојки за пицата:
- тост лепчиња
- моцарела или кашкавал
- кечап или доматен сос
- шунка
- сува печеница
- босилок
- лук во прав
Начин на готвење:
- Тост лепчињата се редат на намачкана тава.
- Се премачкуваат со претходно направеното пире од брокули, а врз него се редат парчињата моцарела или кашкавал.
- Се става уште еден ред тост лепчиња. Се премачкуваат со кечап или доматен сос, па се редат тенко исечканите парчиња шунка и сува печеница. Ана употребила шунка и сува печеница на Пекабеско во приготвувањето на овој рецепт.
- На крај повторно наредете моцарела и малку босилок и лук во прав по вкус.
- Се пече околу 15 минути во загреана рерна на температура од 200 степени.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Рецепт за пица која не се пече во рерна