Секој од нас има две опции: да ужива во вкусот на сезоната на јагоди или да ја пропушти. Ани ни праќа одличен рецепт и фотографија за неодолива торта која дефинитивно ќе ве натера максимално да ја искористите сезоната на јагоди. Уживајте 🙂
Состојки:
- 2 кг јагоди
- 500 гр бисквити
- 2 л млеко за варење
- 5 јајца
- 500 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200 гр густин
Начин на готвење:
- Се мијат и чистат јагодите и се оставаат во цедалка за да се исцедат
- Млекото се става да се свари, а во него се додава половина (250 гр) од шеќерот.
- Јајцата ги кршиме и одделуваме во различни садови белките од жолчките. Прочитајте како ова најлесно да го направите: https://gotvi.mk/2016/05/11/nema-da-vi-se-veruva-eve-kako-da-odvoite-zolcka-od-belka/
- Ги матиме жолчките заедно со густинот и додаваме постепено 50 мл ладно млеко додека не добиеме хомогена смеса.
- Кога млекото ке зоврие и малку ќе се згусне, вадиме од него и постепено додаваме во зделата со жолчките матејќи со миксер.
- Потоа смесата ја враќаме во тенџерето со млеко и матиме со лажица на тивок оган се додека не се згусне и се добие крем.
- Белките се матат со останатата половина (250 гр) од шеќерот додека добиеме шлаг како цврст снег.
- Во тава се реди по следниов редослед: бисквити, потоа се става жолтиот крем, а над него се редат јагодите. Постапката се повторува уште еднаш.
- На крај се мачка шлагот од белките, а може најодозгора да се изренда и чоколадо по желба.
- Тортата се остава во фрижидер да отстои неколку часа по што може да се сервира.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот