Веге нудли

Веге нудли

Овие веге нудли се одличен специјалитет, а се неодоливи како доцен ручек или рана вечера. Еве го рецептот на Илија:

Состојки:

  • 2 пакувања зеленчукови нудли
  • 100 гр брокула
  • 2 чешниња лук
  • 1 млад кромид
  • 1 пакување замрзната знатна мешавина
  • свеж магдонос
  • маслиново масло за готвење
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици вода
  • зачини по вкус

Начин на готвење:

  1. Брокулата ја обаруваме, а замрзнатото пакување златна мешавина го вариме според упатството на кесичката. На маслиново масло ги пржиме ситно сецканите лукче и млад кромид. После 1 минута ја додаваме обарената брокула и сварената мешавина. За овој рецепт Илија употребил замрзната златна мешавина на Пекабеско.
  2. Пропржуваме кратко и ги ставаме и водата и соја сосот. Оставме да се крчка околу 5 минути на среден оган. Додаваме ситно исечкам магдонос по вкус
  3. Нудлите ги вариме според упатството на кесичката. Ги процедуваме и потоа ги додаваме во тавчето со зеленчук и соја сос. Мешаме и оставаме на оган додека не се соединат сите состојки (околу 5 минути).

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Оризови нудли со зеленчук

Нудли со зеленчук

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Брзи макарони со зеленчук

ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Посно пире од зеленчук

Потаж од зеленчук

singlepost_text