Денеска, во вистинска смисла на зборот времето вреди многу пари. Затоа, Gotvi.mk предлага рецепт кој буквално ќе го направите за 5 минути. Останатото е печење во загреана рерна, а вие во меѓувреме ќе си завршите некоја друга работа 🙂
Состојки
- 4 компири
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 200 мл павлака
- зачини по вкус
Начин на подготовка:
- Компирите ги лупиме и убаво ги миеме. Вдлабнуваме 3 помали дупчиња на секој компир кои ќе ги употребиме за полнење на компирот.
- Шунката и кашкавалот ги рендаме или сечкаме на коцки – како што ви е полесно. Ги ставаме во сад и ја додаваме павлаката. Мешаме додека смесата не стане компактна. Ние употребивме шунка и кашкавал на Пекабеско и павлака Пекабела.
- Рамномерно го полниме секое дупче со смесата. Ставаме да се пече во подмачкан плех со масло за јадење во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
ВИДЕО: 10 креативни рецепти за кои ви се потребни само компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири
ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири