За сите кои уживаат во одличниот вкус на ѕаѕики сосот, ви претставуваме одличен рецепт за да можете ова предјадење да си го приготвите по дома. Одлична летна закуска, а додека уживате во неодоливиот вкус, со мислите секогаш ќе бидете на некоја песочна плажа со многу сонце и морска вода…
Состојки:
- 1 краставица
- сол
- 2 шолји павлака
- 3-4 чешниња лук
- сок од свежо цеден 1/2 лимун
- свеж копар
Начин на подготовка:
- Краставицата може да ја излупите или само убаво да ја измиете и оставите со лушпа. Изрендајте ја крупно или исечкајте на многу ситни парчиња.
- Ставете ја во посебен сад и додадете 1 лажичка од солта. Оставете ја да отстои околу 15 минути додека да излезе вишокот вода од краставицата.
- Павлаката ставете ја во сад за салата. Додајте ја исцедената краставица, а потоа и лукот, исцедениот сок од лимон и малку лута црвена сол. Убаво промешајте.
- Исечкајте го копарот во количина по вкус. Доколку сакате можете да употребите нане или магдонос, во зависност од она што повеќе го јадете. Додајте го во ѕаѕикито и повторно убаво промешајте.
- Додајте малку сол и црн бибер и измешајте. Покријте го садот со фолија за готвење и оставете го во фрижидер околу 3-4 часа или, пак, цела ноќ.
Повеќе детали погледнете во видеото:
Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови погледнете тука
Поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути