Билјана, инспирацијата за овој рецепт ја добила во Виена, на Шведенплац, каде вели дека јадела едни од највкусните нудли. Само, овој рецепт е без пилешко месо, па може да го јадат и оние кои постат или се хранат вегетаријански, додава таа.
Состојки:
- 2 пакувања зеленчукови нудли
- 200 гр брокула
- 2 моркова
- 2 чешниња лук
- 1 млад кромид
- 1 лист марула
- свеж магдонос
- маслиново масло за готвење
- 2 лажици соја сос
- 2 лажици вода
- зачини по вкус
Начин на готвење:
- Морковот и брокулата ги обаруваме. На маслиново масло ги пржиме ситно сецканите лукче и млад кромид. После 1 минута ги додаваме обарените брокула и морков.
- Пропржуваме кратко и го додаваме листот ситно сецкана марула. Ги ставаме и водата и соја сосот. Оставме да се крчка околу 5 минути на среден оган.
- Нудлите ги вариме според упатството на кесичката. Ги процедуваме и потоа ги додаваме во тавчето со зеленчук и соја сос. Мешаме и оставаме на оган додека не се соединат сите состојки (околу 5 минути).
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук