Веќе сè е во знакот на пролетта 🙂 Задолжително пробајте го овој одличен рецепт кој ни го праќа Сања.
Состојки:
- 400 гр макарони
- 350 гр печурки
- 1 тиквичка
- 2 пиперки
- млад кромид
- магдонос
- босилек
- масло
Начин на готвење:
- Ставете ги макароните да се варат според упатството на кесичката.
- Убаво измиени и исечени на парчиња, тиквичката и пиперките ставете ги да се пржат на загреано масло.
- За да добиете подобар вкус во тавчето додадете малку босилек, магдонос и млад кромид.
- Исцедете ги сварените макарони и додадете ги кај зеленчукот.
- Пржете на средна температура уште неколку минути.
Сервирајте по желба, а доколку не постите или не практикувате вегетаријанска исхрана додадете парчиња кашкавал или пармезан.
На здравје!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти: