Понеделник
Првиот ден јадете само зеленчук. Пример, изберете краставици. Може да јадете колку сакате. Овој зеленчук е одличен затоа што содржи 90 отсто вода. Ако изберете краставици, тие ќе го детоксираат вашето тело. Секако комбинирајте и со друг зеленчук по вкус.
Вторник
Овој ден треба да му биде посветен на овошјето. Јаболки, праски, портокали, крушки, сè што ви сака душата. Обидете се да ги распоредите во текот на денот, а ако и понатаму сте гладни, може да испиете 1 шолја јогурт со помалку маснотии.
Среда
Овој ден се јадат јагоди, малини, капини, боровинки и други шумски овошја. Јадете во текот на денот, но не заборавајте да пиете многу вода.
Четврток
Млечен ден. Сирење јогурт, кефир, кашкавал. Може да додадете и малку крушки, грозје или црешни со што ќе добиете перфектна комбинација.
Петок
Диетата продолжува и се враќате на зеленчук. Одберете пет вида од вашиот омилен зеленчук и јадете ги во различни комбинации за појадок, ручек и вечера. Но, само пет.
Сабота
Само овошје, но може да јадете и јогрут со помалку маснотии за вечера.
Недела
Денеска е дозволено само да пиете шејкови и сокови од овошје и зеленчук – јаболки, портокали, домати, спанаќ, целер… Правете ги вашите омилени смути комбинации.
По диетата се враќате на нормалниот режим на исхрана, но тука мислиме на контролирана исхрана, без слатки, газирани пијалоци и премногу мрсна храна.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Зелена салата со сирење и џем од јагоди
Еве како треба правилно да се мие зелената салата