Азиската храна никого не остава рамнодушен. Научете како да ги зготвите овие два специјалитети од далечниот исток заедно со Фичо (Филип Поповски), кој ќе ви ги покаже сите трикови за да го добиете специфичниот вкус на оваа кујна.
Обуката ќе се одржи во рамките на проектот Кулинари, на 12 Мај, со почеток во 18 часот, во кујната на средното угостителско – СУГС „Лазар Танев“ во Скопје.
Цената на обуката изнесува 996 денари, а секој учесник освен можноста да научи практично како да ги припрема овие специјалитети, ќе добие подарок брендирана кујнска престилка и дрвена лажица за готвење. По завршувањето на курсот сите учесници ќе добијат сертификат.
Пријавувањето можете да го направите на следниот линк: https://brainster.co/courses/chasovi-za-gotvenje-gotvimesoficho/O4PVMPR03S
Организаторите нагласуваат дека на часот секој треба да дојде во удобна облека, бидејќи ќе се готви стоејќи. На часот секој ќе готви за себе и ќе му биде обезбедено потребен материјал за работа (опрема и намирници за готвење).
Повеќе информации за проектот и за здружението АРНО:
Во рамки на проектот Кулинари 2.0, добитник за наградата Social Impact Award, здружението за социјални иновации „АРНО“ организира часови за готвење.
Оваа иницијатива е прва од овој вид во Македонија и има за цел да го подобри имиџот на кулинарството и гастрономијата, како и да ги мотивира учениците-готвачи повеќе да ја засакат својата професија. Собераните средства ќе се реинвестираат во учениците од СУГС „Лазар Танев“ преку посебна програма за нивна полесна транзиција на пазарот на труд.
Асоцијација за развој на нови опции „АРНО“ е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена(читај:подобрување) на општеството. Во моментов функционираме како хибридна организација (граѓанска организација со економски активности).
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Научете да готвите со професионални готвачи
ФОТО: Џејми Оливер чека петто дете
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината