Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

Потребни ви се само две состојки за да приготвите вкусни палачинки кои можете да ги јадете речиси неограничено. Тие немаат лактоза, глутен и рафиниран шеќер.

Ви требаат само банани и јајца, а се подготвуваат на следниот начин:

Испасирајте една банана и додадете две јајца. Сето тоа убаво изматете го со миксер.

Кога ќе добиете компактна смеса, сте ја завршиле работата. Не додавајте млеко, ниту шеќер.

Во тавче за палачинки ставете малку масло за готвење, а потоа ставете една голема лажица како за супа од смесата.

Печете додека не порумени од двете страни. Декорирајте по избор.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text