Милибродот направен по овој рецепт буквално се топи во уста. Многу вкусно и едноставно, а финалниот резултат е среќа и задоволство на лицата на оние кои ќе пробаат макар и половина парче 🙂
Состојки:
- 750 гр брашно
- 350 мл млеко
- 150 мл масло за готвење
- 180 гр шеќер
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 1 свеж квасец
- 300 – 500 гр мармалад по вкус
Directions
- Place your list items here
Начин на готвење:
- Ставете го квасецот да нарасне со по 1 лажица шеќер и брашно и 2-3 лажици млеко.
- Во посебен сад се ставаат сите состојки освен квасецот и мармаладот. Се додава нараснатиот квасец.
- Се замесува тесто и се остава околу 30 минути на нарасне. Потоа, се меси уште еднаш и се дели на 3 еднакви дела. Секој дел се расукува како кора и се премачкува со мармалад.
- Од добиените кори се формираат ролати кои се ставаат во претходно премачкан плех со масло за јадење и се остават уште 20 минути да нараснат.
- Потоа се премачкуваат со разматена жолчка и се посипуваат со шеќер. Ролатите се печат 40 минути на температура од 180 степени.
На здравје!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти: