Кој е љубител на топлите супи или чорби, овој рецепт на Ана мора да го проба. Еве како да ја приготвите крем супата со брокула и моцарела.
Состојки:
- 1 китка брокула
- 2 парчиња морков
- 1 крем супа од печурки
- 300 гр пченка
- 1 кромид
- 400 гр печурки
- сол
- тврда моцарела или кашкавал
Начин на готвење:
- Зеленчукот го миеме, лупиме и ставаме во вода да се вари околу 15 минути.
- Во друг сад вариме крем супа од печурки според упатството на кесичката.
- Сварениот зеленчук го блендираме и го додаваме заедно со супата од печурки. Вариме уште 5 минути.
- Крем супата ја зачинуваме по желба.
- Сервираме во чинија за супа и додаваме изрендана моцарела или кашкавал. Количината е по желба.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Супа од зеленчук за намалување на килограми
Телешка супа со куркума и брокула