Гордана вели дека овој рецепт е идеален кога сакате да ги изненадите вашите најблиски со нешто слатко на трпезата. Еве го нејзиниот рецепт:
Состојки:
- 300 гр мелени ореви
- 250 гр мелени бисквити
- 250 гр шеќер во прав
- 125 гр путер
- 1 јајце
- 1 портокал цеден
- 2 лажици рум
- кокос / мелени ореви
Начин на готвење:
- Во сад за матење со миксер се ставаат путерот, јајцето и шеќерот во прав. Се матат пенасто околу 10 минути.
- Откако пенасто ќе се изматат се додаваат сите останати состојки.
- Се меша со лажица додека да се добие компатна смеса по што смесата се остава околу 2 часа во фрижидер да отстои.
- Формираме топчиња и убаво ги поминуваме во смесата со мелени ореви или кокос.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Чоколадни топчиња што се топат во уста
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече