Турлитава со соја сос

Турлитава со соја сос

Пренесете го пролетното шаренило на вашата трпеза. Многу вкусен и интересен ручек кој го приготвивме по рецепт на Ана 🙂

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 6 поголеми печурки (шампињони)
  • 1 морков
  • 1 компир
  • 1 главица кромид
  • 3 чешњиња лук
  • 1 шоља варен ориз
  • соја сос
  • маслиново масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Сите состојки се сецкаат на коцки. Кромидот ситно се сецка.
  2. Тавата се премачкува со маслиново масло за готвење. Се ставаат намирниците и повторно се полева со масло, соја сос и црн бибер. Најодозгора се посипува со 3 лажици домашна салца или доматен сос.
  3. Се пече на 200 степени околу 30 минути, а тавате ја прекриваме со алуминиумска фолија. Потоа се трга фолијата и се пече уште 15 минути.

Пријатен апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Турли тава со пилешко месо

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт

Веге тава

Тава полна здравје

Тава полна зеленчук

singlepost_text