Можете да ги сервирате кога ќе ви се најават гости или како предјадење за целото семејство.
Состојки:
- 7 лажици Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 3 јајца
- 300 мл млеко
- 125 гр путер
- 200 гр павлака
- 200 гр шунка
- 200 гр кашкавал
Начин на подготовка:
- Се матат јајцата заедно со брашното и млекото сé додека не се добие смеса за палачинки.
- Во голем плех се става путерот и се загрева во загреана рерна на температура од 180 степени додека целосно не се растопи.
- Ја додаваме смесата на загреаниот и растопен путер. Печеме околу 20 минути на истата температура. Ја оставаме палачинката малку да се олади.
- Филуваме со павлака, парчиња кашкавал и шунка. Потоа ја ролуваме во форма на голема палачинка, сечеме на парчиња и сервираме во украсна чинија.
На здравје!