Можете да ги приготвите за било која прослава или детски роденден. Одлични се во секоја комбинација.
Состојки:
- 400 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 250 гр путер
- 1 јајце
- 2 жолчки
- 1,5 лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- 200 гр варени пасирани компири
- 1/2 квасец
- 250 мл млеко
Начин на подготовка:
- Во посебен сад ставете го квасецот да нарасне заедно со млекото и шеќерот.
- Во друг сад ставете ги брашното, солта, пасираните компири, путерот, едно цело јајце и една жолчка. Додајте ги млекото со квасецот замесете додека не се добие хомогена смеса. Тестото се става во фрижидер да отстои еден час.
- Од тестото се расукува кора, се сече на коцки (5x5cm). По желба може да се стави фил од испржено месо, сирење измешано со јајце или друго по избор.
- Така наполнетите коцки се затвораат и се прават во вид на топчиња. Се редат на тава подмачкана со масло и се оставаат да отстојат 20 мин за да нараснат.
- Се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со сусам или ким по желба. Се печат на 220 Степени сé додека не поруменат.
На здравје!