Иако не знаеме по што го добила своето име, пирош питата е вистински деликатес на кој тешко дека ќе му одолеете.
Состојки:
- 500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 250 гр варен компир
- 1/2 кафена лажичка сол
- 1/2 кафена лажичка шеќер
- 1/2 коцка квасец
- 2 јајца
- 125 гр маргарин
- 200 мл млеко
- 300 гр мелено јунешко или мешано месо
- 1 главица кромид
Начин на подготовка:
- Во еден сад се става да нарасне квасецот заедно со млекото и шеќерот.
- Во друг сад се замесува тесто со брашното, маргаринот, варениот компир кој е претходно испасиран, 2 жолчки. Потоа се додава млекото со квасецот додека не се добие хомогена смеса.
- Се чека тестото да надојде и потоа се дели на три дела. Две третини од тестото се прават во форма на кора и се става во подмачкан плех со масло кој е наросен со брашно.
- Од останатата третина се расукува кора и се сече на ленти.
- Филот се подготвува така што се пржи месото со ситно исечканиот кромид. На крај, во филот се додаваат и двете белки. Се распределува над тестото во плехот
- Третината од тестото која е исечена на ленти наредете ја над филот со цел да формирате коцки. Пред да се стави на печење лентите одозгора се премачкуваат со жолчка помешана со малку масло.
- Се пече околу 40 минути на температура од 200 степени.
Уживајте во вкусот на оваа неодолива пита!