Одличен и брз специјалитет за кој рецептот ни го праќа Ана. Прочитајте што ви е потребно:
Состојки:
- 1 кружен леб
- 1 врзоп блитва
- 1 врзоп млад кромид
- 150 гр урда
- 4 парчиња моцарела кашкавал
- кравји кашкавал
Начин на готвење:
- Се сече врвот на лебот и му се длаби срцевината.
- Потоа, срцевината од лебот се става во смесата од сецкана обарена блитва, сецканиот млад кромид и урдата. Оваа мешавина се зачинува со сол и бибер.
- Оваа смеса се става во лебот, врз неа се редат моцарелата, ренданиот кашкавал и едно јајце.
- Вака подготвено се пече во претходно загреана рерна на 250 степени додека не биде испечено јајцето. Одгоре се става капакот од лепчето што е печено заедно со сусамот.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: