Овој италијански специјалитет одличен е во комбинација со свежа или крем салата. Може да го направите и во посна варијанта.
Состојки:
- 500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 3 мали лажици сол
- 2 големи лажици шеќер
- 1 квасец или прашок за печиво
- 1 шолја млеко
- 200 мл вода
- масло за готвење
Начин на подготовка:
- Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма. Оставете го во сад да нарасне околу 40 минути.
- Тестото поделете го на 3 дела и формирајте топчиња. Секое топче убаво поминете го со сукало додека не стане тенко.
- Врз целата површина наросете тенок слој масло за готвење, а потоа и сол, сусам и оригано.
- Ставете го да се пече во загреана рерна на температура од 180 степени околу 20 минути.
Bon Appétit!