Навистина многу вкусен рецепт на баба Мира за подготовка на традиционална јагнешка чорба. Задолжително прочитајте го:
Состојки:
- 2 јагнешки глави (или ребра со месо)
- 1 главица кромид
- 2 јајца
- 250 мл кисело млеко
- 3 лажици брашно
- масло за јадење
- сол и црн бибер
- магдонос
Начин на готвење:
- Во поголемо тенџере се варат главите (месото) со 1 главица кромид и сол сè додека целосно се сварат. Го отстрануваме кромидот, а главите се чистат од коски и отпадоци, додека да остане само месото кое се враќа во водата во која се остава да се варат.
- Во меѓувреме направете ја запршката на следниот начин: на малку масло за јадење се пропржуваат 3 лажици брашно додека да порумени, по што се додава малку од водата во која се вареа главите (месото). Се промешува на оган и целата смеса се става во тенџерето со исчистеното месо кое се вари на тивок оган.
- На самиот крај додека чорбата сеуште е на оган, додаваме 2 матени јајца со 250 мл кисело млеко. Се промешува сè, додаваме магдонос и вегета по вкус по што чорбата е спремна е да се послужи.
На здравје!
СОВЕТ: Доколку сакате чорбата да биде погуста, додадете повеќе кисело млеко.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Супа од зеленчук за намалување на килограми
Телешка чорба со домашно лепче