Ана вели дека често ги приготвува овие макарони бидејќи освен што се многу вкусни, се и сочни и имаат богат вкус.
Состојки:
- 500 гр макарони
- 500 гр мелено месо
- 1 поголем кромид
- 2 моркова
- 3 чешниња лук
- магдонос по желба
- куркума
- црн бибер
- мајчина душица
- сол
Начин на подготовка:
- Во посебно тенџере се варат макароните.
- Во друг сад се пропржува ситно сецканиот кромид, лук и ренданите моркови. Откако кромидот ќе добие кристална боја се додава меленото месо. Кога месото ќе биде испржено се додаваат сите зачини.
- Послужување: во рамен сад се ставаат 2 црпалки макарони. Врз нив се нанесува месото. Месото го прелеваме со домашна салца. Декорираме со кашкавал по вкус.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: