Изненадете ги вашите сакани со овие неодоливи домашно приготвени медени срца.
Состојки: за тесто:
- 500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 250 гр мед
- 100 гр шеќер
- 150 гр маргарин
- 1 јајце
- 10 гр какао
- 2 мали лажички цимет
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 100 гр ситно сечкани бадеми
Состојки за филување:
- 2 пудинга од ванила
- 1/2 л млеко
Начин на подготовка:
- Медот, шеќерот и маргаринот се загреваат на средна температура се додека целосно не се стопат.
- Се остава смесата да се излади. Брашното се меша со останатите состојки и со изладената смеса од маргарин, мед и шеќер.
- Тестото добро се изедначува и се остава покриено 3 часа. Потоа се развива кора со дебелина од 1,5cm и од неа со калап се вадат срца кои се редат во плех.
- Се печат на 180°С околу 15 минути.
- Срцата се лепат едно со друго со предходно подготвен и оладен пудинг од ванила.
Уживајте во слатките моменти!