Празнувањето на Велигденските празници кои носат мир, спокој и убави мигови за секој човек започнаа. Тоа се моменти на радост, семејни и пријателски дружења.
Бојадисувањето или вапцањето на Велигденските јајца зазема централно место во домовите на верниците. Погледнете видеа со 7 предлог начини за бојадисување на шарени Велигденските јајца:
Бојадисување на шарени Велигденски јајца на пареа – потребни се: тврдо сварени бели јајца, сад за варење на пареа, различни бои за јајца, салвети, памук и масло за готвење. Детали во видеото:
Бојадисајте Велигденски јајца во боите на виножитото – потребни се: тврдо варени јајца, бои за јајца и садови за растворување на боите. Детали во видеото:
Бојадисување Велигденски јајца со лушпи од кромид – потребни се: јајца, лушпи од кромид, нови најлон чорапи, листови од магдонос или друг зеленчук и 4 лажици масло за готвење. Детали во видеото:
Бојадисајте 50 Велигденски јајца со боја во капсули – потребни се: тврдо варени јајца, садови за боја, боја во капсули, оцет, хартија за цедење, памук и масло за мачкање. Детали во видеото:
Бојадисајте Велигденски јајца користејќи чипка – потребни се: варени јајца, боја за фарбање јајца, чипка и ножици. Видеото погледнете го на линкот: Детали во видеото:
Бојадисајте Велигденски јајца со ластичиња – потребни се: тврдо варени јајца, бои за јајца кои се раствораат во вода, ластичиња, садови за растворање, салвети, вода и оцет. Детали во видеото:
Како да направите украсни Велигденски јајца – Потребни се: бојадисани Велигденски јајца, украсни салвети со мотиви, неизматени белки, мала четка за боење, фломастери и контур боја (се купува во книжарница). Детали во видеото:
Погледнете и:
ВИДЕО: Традиционално бојадисување на црвени Велигденски јајца
ВИДЕО: Како да направите големо чоко Велигденско јајце
Прочитајте интересни Gotvi.mk рецепти како предлог за Велигденската трпеза:
ВИДЕО: Како да направите големо чоко Велигденско јајце
ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
Внимателно прочитајте – Неколку трикови за совршено свинско печење
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот