Одличен колач за комбинација со кафе!
Состојки:
- 4 чаши Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 2 чаши млеко
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши масло за јадење
- 100г афион во зрно
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 ќесичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Сите состојки треба добро да се измешаат.
- Смесата се истура во подмачкан и побрашнет правоаголен сад и се пече во загреана печка на 200°С, 30 до 40 минути.
- Оладениот колач се декорира со чоколаден прелив или со шеќер во прав.
Уживајте во денот!