Несекојдневен и многу вкусен рецепт на Кате кој ја има Gotvi.mk препораката. Еве што ви е потребно за да го направите:
Состојки:
- 5 супени лажици ориз
- 1 пакување ванилин шеќер
- 2 лажици млеко
- малку кокосово масло
- јагоди
- банана
- листови спанаќ
Начин на подготовка:
- Оризот измијте го и ставете го на тивок оган да се вари.
- Откако ќе биде готов исцедете го, додадете му малку кокосово масло, млеко и ванилин шеќер.
- Ставете ги сите состојки во тавче и мешајте ги на тивок оган околу 5 минути.
- Откако убаво ќе се олади оризот и ќе биде сосема сув (без течности), подгответе се за правење на фигури.
- Потребна е фолија за готвење на која ќе го нанесете оризот, додајте исечкани парчиња јагоди и банана и мотајте го како ролат.
- Ролатот од ориз исечете го на кругови и декорирајте го со листови од спанаќ како на фотографијата.
ИДЕЈА: Со ова овошно суши одлично оди сос кој можете сами да го приготвите. Потребни ви се неколку јагоди и 2 лажици мед. Ставете ги во блендер и ќе добиете вкусен сос кој прави совршена комбинација со ова овошно суши.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Јапонски специјалитет – Сашими со димен лосос
ВИДЕО: Направете фантастичен суфле чизкејк со 3 состојки