За овој неверојатно вкусен јапонски десерт потребно ви е само: 3 јајца, 120 гр бело чоколадо, 120 грама крем сирење.
Во посебен сад ставете ги белките, а во друг жолчките. Рерната ставете ја да се загрее на температура од 170 степени.
Изматете ги белките со миксер додека не добиете цврст шлаг.
Чоколадото иситнете го на парчиња и стопете го. Додадете го крем сирењето во садот со стопеното чоколадо и измешајте додека не добиете компактна смеса. Додадете ги жолчките и добро измешајте. Потоа постепено додавајте го шлагот од белките и убаво мешајте.
Врз голем плех ставете стаклен сад кој може да се користи во рерна и обложете го со хартија за печење премачкана со путер. Во садот ставете ја компактната смеса.
Додадете малку вода во плехот и ставете да се пече 15 минути во загреаната рерна на 170 степени.
Намалете ја температурата во рерната на 160 степени и оставете да се пече дополнителни 15 минути.
По ова, исклучете ја рерната и оставете го десертот внатре уште 15 минути.
Извадете го суфле чизкејкот и оставете го да се олади. Ставете го во посебна чинија и одозгора нарозете го со шеќер во прав по вкус.
Повеќе детали во видеото:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО: Рецепт за брз домашен чоколаден ролат
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет