Домашни крофни

Домашни крофни

Бисера и Билјана со нов рецепт за вкусно попладне 🙂 Еве како да ги приготвите овие неодоливи крофни:

Состојки:

  • 1 квасец
  • 1 кг брашно
  • 3 јајца
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1/2 шолја масло за готвење
  • млака вода

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се остава да стаса.
  2. Во сад за месење ги ставаме брашното, јајцата, шеќерот, маслото. Го додаваме и веќе стасаниот квасец. Замесуваме со малку млака вода додека не добиеме помеко тесто од тоа за лепче.
  3. Тестото го оставаме да стаса на набрашнета подлога помеѓу 40 и 60 минути.
  4. Од тестото расукуваме кора дебела колку 1 прст и со помош на чаша правиме тркалезни облици. Ги оставаме околу 20 минути да нарасна и потоа ги пржиме во сад со врело масло за готвење.
  5. Пржиме додека не заруменат. Ги вадиме и ги препелкаме во шеќер во прав.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Вкусни погачици

Мекици

Посна торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Ресана торта

Колач со печени јаболка

singlepost_text