Колач со печени јаболка

Колач со печени јаболка

Многу вкусен специјалитет кој ни го испраќа Сања. Еве како да го приготвите:

Потребни состојки за пандишпан:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици мелени ореви
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажици какао

Потребни состојки за фил:

  • 5 јаболки
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр сецкани ореви
  • 700 гр млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 15 лажици шеќер
  • 100 гр маргарин

Начин на готвење:

  1. Јаболката ги миеме, лупиме, ги сечеме на покрупни парчиња, ги попрскуваме со шеќер и ги ставаме да се печат околу 15 минути на температура од 250 степени.
  2. Во длабок сад ги матиме јајцата и шеќерот, им ги додаваме мелени ореви, брашно и прашок за печиво.
  3. Тавата ја премачкуваме со масло и ставаме 2/3 од смесата за пандишпан.
  4. Печените јаболка ги додаваме во тавчето со смесата и ги прелеваме со останатата 1/3 од смесата за пандишпан во која ставаме какао.
  5. Печеме 30 минути на температура од 250 степени.
  6. За подготовка на филот најпрво млекото и шеќерот ги ставаме на тивок оган, откако ќе зоврие го додаваме растопениот пудинг и сечканите ореви и убаво промешуваме.
  7. Го тргаме настрана и му додавеме маргарин.
  8. Испечениот пандишпан го филуваме и го оставаме да се олади.
  9. Го сечеме на коцки, попрскуваме со сечкани ореви и декорираме со јатки од ореви.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Неговото височество: Топло – ладен колач

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Брз колач со јаболка

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Чоко кокос коцки

singlepost_text