Вкусот на мекици секогаш потсетува на убави мигови.
Состојки:
Начин на подготовка:
- Квасецот се раствора во една шолја млака вода. Потоа во длабок сад се ставаат солта и шеќерот, а постепено се додава брашното и надојдениот квасец. Замесуваме тесто и по потреба додаваме топла вода.
- Откако тестото добро ќе се измеси се остава на топло за да нарасне и да се удвои.
- Во тава на оган го ставаме маслото да се загрее.
- Со мрсни раце од тестото се кинат парчиња и се обликуваат тркалезни форми и една по една се пржат.
- Откако ќе се испржат, ги ставаме во чинија со салфета за да се исцеди вишокот масло.
Совет: За да не се лепи тестото, можете да додадете и мала чашка ракија. За посветла боја на мекиците, во тавата со масло ставете едно зрно грав.
На здравје!