Пијани печурки

Пијани печурки

Многу вкусно посно и веге јадење, а можете да го приготвите и како предјадење или прилог за некој свечен ручек. Прочитајте го рецептот на Ана:

Состојки:

  • 500 гр свежи печурки (шампињони)
  • 5 млади кромидчиња
  • 3 чешњиња лук
  • 1 шолја ориз
  • 1 шолја црвено вино
  • соја сос по вкус

Начин на подготовка:

  1. Шампињоните и кромитчето се сецкаат ситно и се пропржуваат.
  2. Се додаваат соја сосот и црвеното вино и лукот.
  3. Потоа, во текот напржењето се додава оризот. По потреба се додава врела вода.
  4. Кога оризот ќе биде сварен јадењето е готово 🙂

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Повеќе од 80 посни и вегетаријански рецепти

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Леќа со печурки

 

singlepost_text