Класични благи мафини

Класични благи мафини

Одличен вкус за сите љубители на префинетите десерти.

Состојки:

  • 400 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 јајца
  • 125мл масло за готвење
  • 250 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 3 супени лажици прашок за печиво
  • 1 супена лажица сол
  • 100 гр чоколадо или чоколаден чипс
  • готов шлаг
  • трошки во боја

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење.
  2. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.
  3. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме чоколадниот чипс или чоколадото исечкано на ситни парчиња.
  4. Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои претходно ставаме хартиени мали корпи.
  5. Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени 20-25 минути.

Добар апетит!

Брза пита Жито Лукс