За убав пролетен дел и одлично предјадење за секој викенд ручек 🙂 Еве го рецептот на Ана:
Состојки:
- 1 дланка рукола
- 1 краставица
- 1 домат
- 5 листови зелена салата
- 2 ротквици
- 1 шолја замрзната пченка
- 2 млади кромитчиња
- 1 кафена лажица мешавина од мелени семиња
Начин на подготовка:
- Зелената салата, руколата и младиот кромид измијте ги убаво. Марулата и руколата исечкајте/искинете ги на парчиња, а кромидот исечете го на тркалца.
- Краставицата, ротквицата и доматот, измијте ги и исечкајте ги на мали парчиња.
- Замрзнатата пченка сварете ја според упатството на кесичката. Ана за оваа салата вели дека употребува Пекабеско замрзната пченка.
- На крајот зачинете со 1 лажичка мешавенина од мелени семиња, како и со маслиново масло за јадење и сол, а по вкус може и со соја сос.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: