Погача

Погача

Најдобриот рецепт за највкусна Велигденска погача.

Состојки за тесто:

  • 1 кг Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 лажички сол
  • 1 маргарин за премачкување
  • 40 гр квасец
  • 2 јајца
  • 150 мл масло за јадење
  • 100 мл млеко
  • 2 лажички шеќер
  • околу 300 мл вода
  • сусам или ким за декорација

Начин на подготовка:

  1. Од горенаведените состојки се замесува изедначено тесто, се покрива и се остава да стаса околу 20 минути.
  2. Тестото се дели на 3 парчиња кои се обликуваат во 3 топчиња. Од секое се развива кора која се премачкува со маргарин и се витка во ролат.
  3. Се сечат парчиња кои се редат во тркалезно тавче и се остава на топло околу 20 минути. Погачата се посипува со сусам или со ким и се пече на 220°С – 250°С до 30 минути во зависност од рерната.

Добар апетит!

Брза пита Жито Лукс