Брза пита

Брза пита

Одличен и брз рецепт со кој ќе ги изненадите вашите гости.

Состојки:

  • 18 супени лажици Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 4 јајца
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша масло за јадење
  • 250г бело рендано сирење
  • 1 кесичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат, се додаваат маслото за јадење, млекото, брашното, прашокот за печиво и ренданото сирење. Сето добро да се измеша.
  2. Смесата се истура во подмачкана и побрашнета тепсија и се пече во загреана рерна на 200°С до 220°С околу 40 минути.
  3. По желба пред печење може да се посипе со сусам.

Добар апетит!

Екстра бело брашно тип 400