Оваа кајгана е многу богата и плени со мирисот на свежа пиперка и боите на пролетта.
За да ја приготвите според рецепт на Леа потребни ви се следните состојки: селски јајца, свеж домат или шери домати, свежа пиперка, сирење и по избор младо кромитче и магдонос.
Изматете ги со маталка или вилушка јајцата, додадете го издробеното сирење, исечканата пиперка и младиот кромид и магдоносот. Ставете да се пржи во тавче подмачкано со малку масло за готвење, а по желба можете да ја направите оваа кајгана и на путер.
Пред самиот крај, додајте ги ситно ичечканите домати и пржете уште многу кратко.
Едноставно, нели? 🙂 На здравје!
Прочитај поврзани рецепти:
ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи
ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин
ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца