Одличен рецепт за сите кои уживаат во вкусот на мафини и домашната кујна, а не сакаат премногу време да поминуваат во кујна:
Состојки:
- 3 јајца
- 150 гр маслиново масло
- 150 гр кефир / јогурт
- 50 гр сецкани маслинки
- семки од лен, од сончоглед и тиква
- 150 гр козјо сирење
- 2 рендани моркови
- сол
- бибер
- 1 прашок за пециво
- 8 лажици брашно
Начин на готвење:
- Се матат јајцата, по што им се додава зејтинот и кефирот, зачините, сирењето, морковот и маслинките, семките и брашното. Ние употребивме 2 лажици р’жано и 6 лажици бело брашно.
- Сè се меша со дрвена лажица, се намрсуваат калапите за мафини и се полнат со смесата.
- Се печат на 200 степени околу 20 минути.
На здравје!
Прочитај поврзани рецепти:
Неодоливо: Топ 10 мафин рецепти