Почна сезоната на млади компири 🙂 Еве еден брз, а во исто време многу вкусен рецепт:
Состојки:
- 500 гр млад компир
- 5-6 чешниња лук
- маслиново масло
- сол
- бибер
- лимон
Начин на готвење:
- Купете млади компири со мала или средна големина. Младите компирчиња нема потреба да ги лупите, само измијте ги убаво и исечете ги на половинки. Посолете ги и додајте црн бибер и други зачини по вкус.
- Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло и малку лимонов сок и сол. Истолчете убаво, додадете ги во садот со компирите и промешајте убаво.
- Ставете во загреана рерна да се печат 45-50 минути или се додека не добијат кафеана боја и малку крцкава кора.
На здравје!
Прочитај поврзани рецепти:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири
Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт
ВИДЕО: Излупете компир за 5 секунди