Неодоливиот вкус на домашна пита кој доаѓа од кујната.
Потребни состојки:
- 700 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 6 јајца
- 1 квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 500 гр мешано сирење или урда
- 100 путер
- 200 мл вода
- 200 мл млеко
Начин на подготовка:
- Во сад го ставаме квасецот со 1 лажичка шеќер и малку млака вода за да стаса.
- Во друг сад го ставаме брашното,3 јајца, солта, млаката вода и надојдениот квасец.
- Замесуваме тесто и го оставаме на собна температура да нарасне околу 40 минути.
- Нараснатото тесто го делиме на пет топчиња од кои расукуваме кора.
- Во посебен сад ги матиме другите 3 јајца, сирењето и млекото.
- Секоја кора ја попрскуваме со смесата и одозгора и ставаме парче путер.
- Корите ги редиме во круг во подмачкано тавче. Корите може да се редат и една до друга ако користите правоаголно тавче. Корите ги оставаме во тавчето уште половина час за тестото уште еднаш да нарасне.
- Потоа питата ја печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Имајте убав викенд.