Доколку инвестирате во калапи за мафини, секојдневно можете да приготвувате брзи и разноврсни солени и благи мафин специјалитети. Еве го денешниот мафин рецепт на Ана:
Состојки:
- 3 банани
- 2 јајца
- 300 гр овесни снегулки
- 100 гр пченични снегулки
- 1 прашак за пециво
- 1 ванилин шеќер
- кокосово масло
Начин на подготовка:
- Бананите се пасираат и се додаваат јајцата.
- Потоа ги додавате и другите состојки. Сé се меша додека смесата не се соедини.
- Ставете ја смесата во калапи за мафини претходно премачкани со кокосово масло.
- Се пече 30 минути на температура од 180.
- Декорирајте со шеќер во прав и свежа јагода.
Готви со љубов и уживајте во вкусот 🙂
Прочитај поврзани рецепти:
ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути