За појадок ви предлагаме да приготвите многу вкусен пикантен омлет со спанаќ. Еве како:
Ingredients
- 3 јајца
- 100 гр спанаќ
- пармезан
- лук
- оригано
- нане
- лута пиперка
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Земете свеж спанаќ и измијте го убаво. Исецкајте го, но не на ситни парчиња и ставете го да се запржи на среден оган со масло за готвење, лук, оригано и нане.
- Откако ќе омекне спанаќот, засилете го оганот и додадете ги претходно изматените јајца. Малку промешајте.
- На крај додајте го пармезанот и оставете го омлетот уште малку да се пржи.
- Сервирајте со свеж домат.
- По избор можете во омлетот да додадете плус сирење, печурки, маслинки или луто пиперче.
На здравје!
Прочитај поврзани рецепти:
ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи
ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин
ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца