Одличен рецепт кој ќе ја збогати вашата велигденска трпеза.
Состојки:
- 600 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 250 мл топло млеко
- 1/2 квасец
- 2 јајца
- 70 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 80 мл масло за јадење
- мармалад по желба
Начин на подготовка:
- Квасецот се раствора со млекото, се додава една по една лажичка шеќер и брашно и се остава да стаса. Во длабок сад се меша брашното со преостанатиот шеќер и ванилата. Се додава стасаниот квасец, маслото за јадење и две претходно изматени јајца.
- Од смесата се замесува меко тесто и се остава да стаса на топло 20 минути. Откако тестото ќе стаса, се размесува и се расукува кора со дебелина од 0,5cm. Со округла модла со дијаметар од 10cm се вадат кори.
- Во средината на секоја кора се става лажичка мармалад, а со краевите се преклопува така што се внимава да се задржи кружната форма.
- Се превртува и со нож се прават 8 засеци скоро до средината на кората. Секој засечен дел се преклопува преку следниот за да се добие облик на цвет. Пред печење се премачкуваат со јајце.
- Рерната се загрева на 220°C . За време на печењето температурата се намалува на 180°C. Се печат 20-25 минути.
Уживајте во пролетта!