Посна пица

Посна пица

Оваа пица има навистина одличен вкус. Правена е по рецепт на Ана, а еве како да ја направите:

Состојки за подготовка на тесто:

  • 500 гр брашно
  • 3 мали лажици сол
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 квасец или прашок за печиво
  • 250 мл вода
  • масло за готвење

Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма. Оставете го во сад да стаса околу 1 час.

Состојки за фил за пица:

  • 1-2 свежи црвени пиперки
  • 70 гр зелје
  • 1 кромид
  • 70 гр маслинки
  • кечап или доматен сос
  • пченка

Начин на готвење:

  1. Тестото го расукуваме во правоаголно тавче. Премачкајте го со кечап или доматен сос по целата површина.
  2. Пиперките ги сечкаме на ленти. Зелјето го обаруваме и ги сецкаме ситно. Кромидот го сецкме на кругчиња и секое кругче го одвојуваме. Маслинките ги чистиме од семки и ги сечкаме на кругциња. Ана за овој рецепт употребила црни маслинки калмата.
  3. Врз расуканото тестото редиме по следниот редослед: пиперки, зелје, кромид, маслинки и пченка. По вкус, одозгора можете да изрендате малку свеж морков.

СОВЕТ: Ана вели дека замрзнатата пченка не мора да се вари, туку само да се промие под млаз топла вода и да се употреби за оваа многу вкусна пица.

Прочитајте поврзани рецепти:

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

Домашна пица

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text