Тавче гравче

Тавче гравче

Многу вкусно традиционално јадење по кое сме препознатливи во регионот и пошироко 🙂 Еве го Gotvi.mk рецептот:

Состојки:

  • 400 гр грав
  • кромид
  • масло
  • зачини ( сол, црн бибер, сушен зеленук, буковец, нане)

Начин на готвење:

  1. Го миеме гравот и го ставаме да се вари на тивок оган во сад со ладна вода.
  2. Кромидот го чистиме, миеме и сецкаме на ситни парчиња.
  3. Откако водата во која се вари гравот ќе добие жолта боја ја фрламе, го миеме гравот и додаваме нова загреана вода.
  4. Го додаваме и кромидот во водата и продолжуваме со варење на гравчето.
  5. Кога ќе биде сварено ја правиме запршката (масло, 1 лажица брашно, 1 лажица црвен пипер).
  6. На крај го ставаме во рерна да се потпече околу 15 минути на температура од 200 степени.
  7. Сервирајте со лепче и свежа салата. Одлично оди со маслинки, а за оние кои не постат периодов можете да го комбинирате со парче сирење.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Сарма од кисела зелка

ФОТО: Традиционална македонска даска

Грашок на традиционален начин

Брза даска кога ќе ви се најават гости

Охридски чомлек

singlepost_text